Во наредните денови претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, а во утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе има слично време со температура од седум до 18 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. В среда ќе биде малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветер, со максимална температура од 16 до 23 степени. В четврток ќе биде променливо облачно и малку потопло. Максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени.

В петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 14 степени, а максималната од 18 до 25 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот