Во моментов во нашата земја има 15 активни толкувачи на знаковниот јазик

Последната недела од септември е недела посветена на лицата со попречен слух, а Младинското здружение на глуви и наглуви лица во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија, организираат настан со цел да се подигне јавната совест за оваа категорија на граѓани.

Во Градскиот парк од 21 септември до 27 септември се организираат активности  со цел да се подигне совеста за важноста на знаковниот јазик и неговата употреба во секојдневниот живот.

На 23 септември се одбележува меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Христина Божиновска Ѓикова, претседателка на Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак”, истакна дека главниот проблем на глувите лица е комуникацијата и свесноста на институциите да има поголем број толкувачи.

Во моментов во нашата земја има 15 активни толкувачи, а само 31 се лиценцирани на ниво на целата територија на Северна Македонија.

Од здружението велат дека ги радува големиот интерес за изучување на знаковниот јазик, бидејќи потребата за толкувачи е од големо значење за лицата со попречен слух.

-Многу е важно децата со оштетен слух уште од мали да го научат знаковниот јазик, бидејќи кога ќе пораснат доколку не го знаат јазикот тоа за нив претставува голема пречка во развојот и писменоста, велат од здружението „Млад знак”.

Сојузот на глуви и наглуви во соработка со здружението „Сина светулка” работат на проект да помогнат на децата со аутизам, бидејќи знаковниот јазик им помага на децата со аутизам полесно да се изразат и да ги изразат своите емоции.

За време на настанот во Градскиот парк беше организиран и предизвик, со цел да се покаже колку е всушност тешко да се чита од уста на лице со попречен слух, особено во време на пандемија кога е задолжително носењето маска, а и да се истакне важноста на познавање на знаковниот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот