Во Луганск убиен руски функционер

Во Луганск убиен руски фунцкионер / Фото Слободен печат колаж / Твитер

Член на Народниот совет на Луганската Народна Република (ЛНР) и поранешен шеф на Народната милиција на ЛНР, Михаил Филипоненко е убиен денеска во Луганск. Веста на Телеграм ја потврди претставникот на регионалниот парламент Јуриј Јуров, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

„Пред еден час, нашиот колега, заменик на Народниот совет на ЛПР, поранешен шеф на одделот на Народната милиција на ЛПР, човекот кој учествуваше во создавањето на народната милиција на републиката, полковник Михаил Јуриевич Филипоненко, почина во Луганск“, напиша Јуров.

ТАСС пишува дека подоцна се дознало дека Филипоненко загинал во експлозија на автомобил. Инаку, на 21 февруари годинава веќе имаше обид да се изврши атентат врз него. Тогаш неговиот автомобил бил кренат во воздух во близина на претставништвото на ЛПР, но тој преживеал. РИА Новости пренесува дека на експлозијата посведочиле возачи кои минувале покрај местото на настанот.

Филипоненко бил роден на 20 јуни 1975 година во Луганск (во тоа време Ворошиловград). Дипломирал на Киевскиот национален универзитет за градежништво и архитектура и бил приватен претприемач во градежната индустрија. Од 2014 до 2022 година служел во Народната милиција на ЛНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот