Литванија забрани поседување оружје, но само за Русите и Белорусите

Знаме на Р. Литванија / Фото: Архива

На Русите и на Белорусите во Литванија ќе им биде забрането да поседуваат огнено оружје, пишува во новиот закон усвоен денеска од Литванскиот парламент.

Новата легислатива што ќе стапи на сила од 1 април следната година, има за цел да спречи формирање оружени групи, што би се спротивставиле на властите во случај на немири во земјата.

Според информациите презентирани во Парламентот, 294 руски и 46 белоруски државјани во моментов поседуваат дозволи за оружје.

Откако ќе стапи во сила законот, тие ќе имаат рок од една година да го продадат оружјето или да го предадат на полицијата.

Дозволите за поседување ќе им бидат укинати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот