Туск: Полска неутрализираше дрон кој леташе над владини објекти и приведе двајца Белоруси
Полскиот премиер Доналд Туск информираше дека државните безбедносни служби повторно собориле дрон кој летал на територија на Полска, а во врска со инцидентот се уапсени двајца белоруски државјани, пренесува Ројтерс. „Полската служба за државна заштита (СОП) неутрализираше дрон кој леташе над чувствителни владини локации, вклучувајќи ја улицата Паркова и палатата Белведер“, изјави премиерот Доналд Туск …

