Со нож прободено момче во Косово

Фото: Blic.rs

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска информираше дека 20-годишно момче, по националност Србин од селото Могиле, Општина Витина во Косово, било прободено со нож во рамото, објави Телеграф.рс.

Тој рече дека момчето, кое има две убодни рани, го избоделе двајца Албанци.

Вучиќ додаде дека тоа е резултат на омразата што режимот на Албин Курти и неговите медиуми ја промовираат кон Србите.

Српскиот претседател рече и дека се плаши оти „и на ова ќе реагираат западните партнери со порака двете страни да се смират“.

„Мораме да бараме мир за доброто на сите овие луѓе“, нагласи Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот