Во јуни регрутиравме по 1.400 војници на ден, вели Медведев

Медведев/ Фото: Ekaterina Shtukina / Sputnik / Profimedia

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска соопшти дека во јуни бројот на регрути во руските вооружени сили се зголемил на 1.400 лица дневно.

– Само во последната недела, речиси 10.000 луѓе потпишаа договор со вооружените сили на Русија, рекол Медведев, пренесуваат руски медиуми.

Според него, од 1 јануари до 4 јули годинава во редовите на руските вооружени сили биле регрутирани повеќе од 185.000 луѓе, од кои 109.000 биле во резерва. Медведев рече дека „обидот за вооружен бунт не го променил односот на граѓаните кон договорната служба во зоната за специјални воени операции“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот