Во Израел се отвора економијата по масовната вакцинација

Физичкото дистанцирање е се уште препоракао, а во синагогите, џамиите и црквите, половина од капацитетот на објектот може да се пополни.

Израел денеска делумно ја отвори својата економија, што се смета за враќање кон нормалниот живот во таа држава на денот кога пред една година беше првпат откриен случај на заразен со Ковид-19.

Продавниците се отворени за сите граѓани, но влезот во спортски сали, театри, кина е ограничен само на луѓе кои примиле две дози од вакцината и на поранешни ковид-пациенти кои имаат имунитет и таканаречен „зелен пасош”.

Физичкото дистанцирање е се уште препоракао, а во синагогите, џамиите и црквите, половина од капацитетот на објектот може да се пополни.

Токму на овој ден, откако е забележан првиот случај на ковид во Израел, олеснувањето на мерките е дел од планот на владата за отворање на економијата, во време кога премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се обиде да добие нов мандат.

Досега, Израел вакцинираше речиси половина од населението со најмалку една доза вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот