Во Италија уапсени тројца Палестинци поради сомнение дека подготвувале терористички напад

Police checks in Piazza Duca D?Aosta during the second wave of the Coronavirus epidemic, Milan, Italy 20 January 2021. Lombardy has entered the red zone with the highest level of restrictions. EPA-EFE/Andrea Fasani

Италијанската полиција уапси тројца Палестинци во централна Италија за кои властите велат дека планирале да извршат напади во неодредена земја, се наведува во полициското соопштение.

Како што пишува во соопштението тројцата мажи, кои живеат на околу 120 километри североисточно од Рим, формирале ќелија поврзана со Бригадите на мачениците Ал Акса, вооружена група поврзана со движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, која се смета за терористичка група во Израел, ЕУ и САД.

Полицијата соопшти дека тројцата Палестинци се обвинети за злосторнички заговор за извршување тероризам или за уривање на демократскиот поредок, кој според италијанскиот закон носи затворска казна до 15 години.

„Осомничените се занимавале со прозелитирање и пропаганда…и планирале напади, вклучително и самоубиствени бомбашки напади, врз цивилни и воени цели на странска територија“, соопшти полицијата.

Еден од тројцата мажи е баран од Израел, кој е во војна со палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа, а италијанскиот суд го разгледува барањето за негова екстрадиција, се вели во соопштението.

Во посебна изјава, министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси го поздрави апсењето на „тројца опасни терористи“ и рече дека Италија секогаш посебно внимава кога се во прашање екстремизмот и радикализацијата. с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот