Во Индија уште еден црн рекорд по бројот на новозаразени

Ковид-19 во Индија/ Фото: ЕПА

Индија регистрира 7,7 милиони случаи од февруари, кога започна вториот бран на пандемијата на Ковид-19.

Индија повторно собори црн дневен рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус, кој исто така е и негативен светски рекорд – регистрирани се 386.452 случаи, а починале 3.498 лица, соопшти Министерството за здравство.

Индија регистрира 7,7 милиони случаи од февруари, кога започна вториот бран на пандемијата на Ковид-19.

Во споредба со таа бројка од февруари, на Индија пред тоа и требаа шест месеци да достигне 7,7 милиони случаи.

Вкупниот број на заразени во Индија од почетокот на пандемијата на коронавирусот е близу 19 милиони, покажуваат податоците на страницата worldometers.info. ј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот