Грузија / Фото: EPA-EFE/DAVID MDZINARISHVILI

Во Грузија стапи во сила законот за „странско влијание“

Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили денеска соопшти дека го потпишал законот за „странско влијание“, кој беше усвоен од парламентот, откако претседателката на државата Саломе Зурабишвили одби да го стори тоа, со што законот стапи во сила.

Грузија: Со закон против народот

– Денеска го потпишав законот за транспарентност на странско влијание. Целта на овој закон е зајакнување на политичкиот, економскиот и социјалниот систем на Грузија во однос на надворешното мешање, рече Папуашвили на прес-конференција.

Пратениците во грузискиот парламент, со мнозинство од 84 гласа спрема четири, во вторникот го отфрлија ветото на законот што го стави претседателката Саломе Зурабишвили.

По контроверзниот закон за странски агенти, САД воведуваат визни ограничувања за Грузија

На 14 мај, Парламентот на Грузија во трето и последно читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“ предложен од владејачката партија Грузиски сон, а грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, која е непартиска личност, стави вето на овој закон на 18 мај.

Според тој закон, невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство ќе треба да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Владата на Грузија тврди дека законот за „странски агенти“ е неопходен за да се зачува транспарентноста и да се спречи вовлекување на земјата во конфликт со Москва.

Стотици невладини организации во Грузија најавија непочитување на законот за „странско влијание“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот