Стотици невладини организации во Грузија најавија непочитување на законот за „странско влијание“

Фото: МИА

Речиси 200 грузиски невладини организации објавија дека одбиваат да го почитуваат законот за „странско влијание“, што вчера беше усвоен од Парламентот на иницијатива на владејачката партија и покрај масовните протести во државата.

„Рускиот закон нема да работи во нашата земја и ќе остане празно парче хартија што никој нема да го следи“, се вели во заедничката изјава на невладините организации.

Грузиската опозиција стравува дека тој закон ќе се користи за сузбивање на секое спротиставување на властите како што е случајот со сличен руски закон, јавија западни медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот