Во грчката државна телевизија и весникот „Катимерини“ регистрирани првите заразени со коронавирус

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Грчката државна телевизија ЕРТ и грчкиот весник Катимерини денеска соопштија дека биле потврдени први позитивни случаи на новиот коронавирус кај нивни вработени, јави дописничката на МИА од Атина.

Од државната телевизија соопштија дека почнат процесот за пронаоѓање на лицата кои контактирале со заболеното лице, а паралелно се дезинфицираат просториите.

Од Катимерини наведоа дека станува збор за вработен на сајтот на весникот, кој е во добра здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот