Во главниот град на Финска Хелсинки, цела 2024 немало ниедна сообраќајка со смртни последици
Во главниот град на Финска Хелсинки цела 2024 година немало ниедна сообраќајка со смртни последици објави Политико.
Препорачано
Иако смртните случаи на патиштата се во пад низ Европската Унија, со намалување од 3 проценти во 2024 година, сообраќајките со трагични последици уште се чести во градските средини. Да се помине цела година без ниедна ваква сообраќајка е неверојатно достигнување за најголемиот број градови, а камоли за европска метропола.
Во 2023 година 7,807 Европејци ги загубија животите во сообраќајни несреќи во градовите на ЕУ. Педесет и пет лица загинаа во сообраќајки во Берлин минатата година а 9 лица ги загубија животите во сообраќајки во регионот на Брисел изминатите 12 месеци. Додека Хелсинки е меѓу најмалите главни градови во ЕУ, со помалку од 690 илјади жители, барем 1,5 милиони луѓе живеат и се превезуваат во градската област.
Рони Утриаинен, инженер за сообраќај во одделот за урбана средина, за финските медиуми изјави дека достигнувањето е поради многу фактори, но ограничувањето на брзината на движење е најважниот.
Во најголемиот дел на Хелсинки во градските области, дозволената брзина на движење е 30 километри на час. Поставени се 70 нови камери кои мерат брзина.


