Во гевгелиско двојно повеќе оздравени од новозаболени од Ковид-19

Регистриран е двојно поголем број на оздравени од новозаболени лица од Ковид-19 во подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.

Заедно со вчерашниот божиќен ден, во општините Гевгелија,Богданци и Дојран,што ги опфаќа ЦЈЗ Гевгелија, регистрирани се 96 оздравени во однос на 45 новоинфицирани од корона вирусот, што според епидемиолозите, е показател на доследна примена на мерките за заштита од ширење на вирусот.

Во таа насока се движат и полициските извештаи кои потврдуваат дека за време на изминативе празници во регионот на ЦЈЗ Гевгелија немало групирања на луѓе.

Оздравените 68 отсто наспроти 32 отсто новозаболени е најдобра потврда за дисциплинираноста на грѓаните, но според епидемиолозите за дефинитивна оценка сепак ќе треба да причекаме уште една недела, да помине периодот на инкубација, па тогаш да се видат резултатите и да се констатира дали станавме посвесни и порешителни во борбата против корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот