Во Германија уапсен Иранец под сомнение дека планирал напад со биолошко оружје

Германската полиција синоќа уапсила 32-годишен ирански државјанин под сомнение дека набавил смртоносни хемикалии (цијанид и рицин) за да изврши „исламистички мотивиран“ терористички напад, објави Асошиејтед прес.

Отровните супстанци се пронајдени при рацијата во неговиот стан во западното гратче Кастроп-Рауксел во регионот Рур.

Рицин се смета за исклучително отровно биолошко оружје и за него нема познат противотров. Истрагата е во тек и засега е нејасно како нападот требало да се одвива.

„Полицијата интервенираше во текот на ноќта по сериозна дојава“, изјави регионалниот министер за внатрешни работи Херберт Ројл.

Полицијата кажа дека обвинението за кое се товари уапсениот Иранец предвидува затворска казна меѓу шест месеци и десет години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот