Во Франција најголем пад во изградбата на деловни простории

ајфелова кула париз франција
Париз, Франција / EPA/IAN LANGSDON

Градежниот сектор во еврозоната го бележи својот најголем пад откако пандемијата ја доведе економијата во застој во 2020 година. Според најновото истражување објавено од „Фајненшл тајмс“, зголемените трошоци за задолжување, остриот пораст на цените на суровините и загриженоста дека рецесијата би можела да го забрза падот на цените на недвижностите, влијаеле врз градежната индустрија во Европа.

Декемврскиот С&П Глобал Пурчејсинг Менаџерс Индекс во градежништвото во еврозоната покажа вкупен индекс на активност од 42,6, што е намалување од ноемвриските 43,6. Инаку, вредноста на ПМИ помала од 50 укажува на пад на активноста, а во еврозоната тоа се случува осми месец по ред. Активноста падна во сите три најголеми економии во еврозоната, Германија, Франција и Италија.

Последните три месеци од 2022 година беа најлошото квартално остварување на индексот од април 2020 година, кога градежната активност беше нарушена поради пандемијата, пишува Фајненшл тајмс, пренесува Политика рс.

Најголем пад на активноста е забележан во Франција, каде изградбата на комерцијален простор бележи пад веќе деветти месец. Следува Германија, каде од 2013 година најмногу опадна изградбата на куќи, а воедно и набавката на градежни материјали. Една неодамнешна студија на минхенскиот институт Ифо покажа дека 16,7 отсто од германските градежни компании претрпеле откажувања на градежни проекти во ноември, што е повеќе од вообичаената стапка од еден до два отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот