Во Европа нема место за реторика што се залага за етничко чистење, ѝ порача ЕК на српската министерка
Клучниот принцип е дека во Европа нема место и не смее да има место за реторика што оправдува или заговара етничко чистење, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, за Н1.рс. во врска со изјавата на српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, дека во 1998 година, доколку таа била на местото на тогашниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, ќе спровела етничко чистење во Косово.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пауновиќ во емисијата емитувана на 11 јули на ТВ Курир изјави:
„Да бев Слободан Милошевиќ, етнички ќе го исчистев Косово во 1998 година“.
Хипер за Н1 изјави дека Европската комисија нема да коментира поединечни изјави, но дека таквите изјави се спротивни на вредностите на човековото достоинство, помирувањето, одговорноста и добрососедските односи врз кои почива Европската Унија.
„Тие се исто така во спротивност со обврските што Србија ги презеде во рамките на дијалогот за нормализација на односите со Косово, кој се води со посредство на Европската Унија. Затоа очекуваме сите лидери да дејствуваат одговорно, да се воздржат од потпалувачка реторика и да придонесат за создавање атмосфера на доверба и регионална стабилност“, рече портпаролката на ЕК.
Кога повторно беше прашана што точно мисли кога вели дека нема место за такви изјави во Европа, Хипер рече:
„Пораката е јасна. Точно она што веќе го кажав. Нема место за таква реторика. Како што и самите споменавте, со години постојано дававме изјави за важноста на признавањето на утврдените факти, оддавањето почит на жртвите, поддршката на процесот на пронаоѓање на исчезнати лица и промовирањето на мирен соживот меѓу луѓето.“
Кога беше прашан од агенцијата ФоНет зошто, како резултат на ваквите изјави, Србија добива позитивни препораки од Европската комисија за отворање на кластерот, портпаролот на Комисијата, Гијом Мерсие, истакна дека се дадени проценки за специфични работи побарани од Србија во нон-пејпер документ од 2024 година, а дека тоа се судската реформа, Регулаторното тело за електронски медиуми и изборните закони.
Ова не значи дека целата ситуација се подобрила, рече Мерсие, додавајќи дека сè уште има загриженост во некои области.
На прашањето за проценката на односите со Косово, Мерсие рече дека за тоа ќе се дискутира во извештајот за напредокот на Србија, кој ќе биде објавен на есен.
Скандалозна изјава на српска министерка: Етнички би го исчистила Косово во 1998 година


