Во Ерменија ќе се отпуштаат невакцинирани работници

ковид-19 вакцинација
Вакцинација против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Парламентот на Ерменија денеска усвои закон кој ќе им овозможи на работодавачите да отпуштаат работници кои одбиваат да дадат доказ за вакцинација против ковид-19 или негативен резултат од тестот.

Новото правило следи по наредбата од август на Министерството за здравство со која се бара од ерменските граѓани да им достават на своите работодавачи доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест на секои две недели или ќе бидат казнети.

– Доколку работникот не достави потврда за вакцинација или негативен тест за Ковид-19, работодавачот има право да го отстрани од работа, да му ја суспендира платата и да го отпушти доколку отсуствува 10 работни дена од работа поради таа причина, рече заменик министерот за труд и социјални прашања Рубен Саргсјан.

Тој прецизира дека новиот услов за вакцинација нема да важи за претседателот на земјата, премиерот, замениците, народните правобранители, судиите на Уставниот суд и другите функционери.

– Овој исклучок е воспоставен затоа што овие функции се или (институционални), како што е случајот со замениците или нивните носители се именувани во согласност со Уставот, рече Саргсјан.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот