Во декември се издадени 286 одобренија за градба

Градежници Фото архива на Слободен печат

Предвидена е изградба на 423 станови, со вкупна корисна површина од 32.307 метри квадратни.

Во декември лани се издадени 286 одобренија за градење, што е за 2,1 процент помалку во однос на истиот месец од 2018  година. Предвидена е изградба на 423 станови, со вкупна корисна површина од 32.307 метри квадратни, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.460.995.000 денари, што е за 59,4 проценту помалку во однос на декември 2018.Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на експресен пат во Североисточниот Регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (45,4  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 56 (19,6. проценти) за објекти од нискоградба и 100 (35 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 286 објекти, на 151 (52,8  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 135 (47.2  проценти) од објектите се деловни субјекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот