Во Дебар денеска нема новозаразени, во детската градинка сите вработени негативни на Ковид-19

Во последното деноноќие во Дебар нема потврдени нови позитивни случаи на Ковид19, со што вкупната бројка останува 82.

Од вкупната бројка оздравени се 48, починаа четворица, додека активни на болеста се 30 од кои повеќето со лесна форма на болеста и се лекуваат во дамашни услови, освен тројца кои се на лекување во Инфективната клиника и болницата „Осми септември” во Скопје. Во самоизолација се 76 лица, дел од нив кои се вратиле од странство и подлежат на заодолжителна изолација.

Скринингот на вработените во детската градинка во Дебар, потврдува дека нема заразени на Ковид-19.

– Во оваа предучилишна установа зедовме 68 брисеви. Анализата на овие тестови потврдува дека нема заразени со Ковид-19, што значи кај сите 68 вработени во градинката резултатот е негативен, изјави Ментор Меља, епидемиолог.

Во градинката превземени се сите потребни мерки, дезинфекција на сите простории и дворното место на градинката, со цел прифаќање на дечињат, кога ќе биде донесена одлука за отворање на градинките.

Денеска градоначалникот Хекуран Дука предупреди дека, според проценката на стручните лица се очекува бројот на новозаразени да се зголеми и упати апел строго да се почитуваат мерките за заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот