Во чест на празникот на албанското знаме улицата „Вуковарска“ во Чаир стана „28 ноември“

фото: ТВ21, сменето името на уште една улица во Чаир

Улицата „Вуковарска“ во Чаир доби ново име од денеска таа ќе се вика „28 ноември“. Преименувањето се случи на прагот на празникот на албанското знаме 28 ноември. Како што објави ТВ21 таблата со новото име беше откриена во присуство на наследникот на Скендербег, Лорис, претставници на Амбасадата на Албанија и Амбасадата на Косово и голем број граѓани, со што била пренесена пораката дека овој потег претставува историски момент.

„Ова е најдобриот момент бидејќи оваа улица и овие граѓани овде но и цело Скопје на дарданите ќе имаат можност секој ден да го користат „28 ноември“ користејќи го името на оваа улица, која е нова адреса за многу наши сограѓани и ќе биде дел од нивното секојдневно функционирање“, изјави Висар Ганиу.

Ова име е едно од 66-те најнови имиња во општина Чаир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот