Во Бугарија за само еден месец полицијата фатила осум илјади возачи кои возеле над 125 км/ч низ општините

Фото МИА

Во бугарските општини за само еден месец тамошната полиција регистрирала повеќе од 8.000 прекршоци на возачи кои возеле со над 125 километри на час во населените места. Како што изјави Георги Георгиев, престедавачот на Митрополитскиот општински совет, тие регистрирале и нов рекорд – возење со над 240 километри на час, пренесува БГНЕС.

„Се плашам дека кога ќе ги објавиме новите рекорди некој ќе реши да ги собори. Тоа се црни рекорди. Најмногу по обиколницата“, додаде Георгиев.

Георгиев изрази надеж дека пратениците ќе ја завршат својата работа во септември за да можат да се поврзат повеќе од 700 општински камери и да им пристапи сообраќајната полиција.

Според него, кога санкцијата и казнувањето се неизбежни, само тогаш има превенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот