Хрватската индустрија расте, зголемен прометот за 3% од лани

Вкупниот промет на хрватската индустрија во февруари годинава е зголемен за 2,7 отсто во однос на истиот период од 2023 година, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (ДЗС).  Вкупната продажба на енергија е зголемена за 14,9 отсто, а трајните производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, пренесува Индекс.

Кога станува збор за главните индустриски групи, во февруари 2024 година, во однос на февруари минатата година, вкупната продажба на енергија е зголемена за 18 отсто, а нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 отсто.

Од ДЗС наведуваат дека вкупната продажба на трајни производи за широка потрошувачка во истиот период е намалена за 8,2 отсто, а на капитални производи за 8,1 отсто.

Вкупната продажба на енергија е зголемена за 14,9 отсто, а трајните производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, пренесува Индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот