Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во Белград уапсен маж кој му се заканувал на српскиот претседател Вучиќ

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за високотехнолошки криминал, полицијата го уапсила М.Т. за кривично дело загрозување на безбедноста, објавија утрово провладините таблоиди.

М.Т., за кој се вели дека се претставува како Младен Тањга на социјалните мрежи, наводно објавил стихови на Твитер (Х) „во кои директно му се заканува на семејството на претседателот Александар Вучиќ“.

Тој е обвинет дека напишал пораки на социјалните мрежи во кои пишува: „Ќе го убијам татко ти, ќе ја заколам мајка ти, ќе ги мачам братот, синот и ќерката…“. Осомничениот се заканувал и дека ќе ја убие и претседателката на српското собрание, Ана Брнабиќ.

Провладините медиуми наведуваат дека лицето било блиско до српската опозиција и дека има големо полициско досие.

Тој и претходно бил уапсен и осуден за неовластено производство, држење и пуштање во промет на наркотици и загрозување на безбедноста.

За претходни кривични дела бил осуден на година и пол затвор, а и претходно бил познат по жестоки јавни испади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот