Во Белград се урна зграда, во тек е евакуација на станарите

Во Белград во општината Врачар, во делот на Црвен Крст на улицата Видовданска денес се сруши зграда лоцирана на парцела до актуелно градилиште. Поради уривање на станбената зграда, во тек е евакуација на станарите, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што неофицијално дознава порталот Нова.рс, зградата започнала да се урива затоа што најверојатно биле поткопани нејзините темели од градилиштето лоцирано на парцелата до неа.

Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е предизвикана, а според станарите, зградата се заканува целосно да се сруши и да остави бројни семејства без покрив над главата.

Како што пишува Курир, повикувајќи се на неофицијални информации, на градилиштето покрај таа зграда поставени се шипови, кои предизвикаа пукање и уривање на оваа станбена зграда.

Увидот на инспекцијата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот