Во Белгија поради епидемијата се затвораат кафулињата и рестораните, но не и штандовите за помфрит

Фото: Профимедиа

Белгијците тврдат дека помфритот е нивното национално јадење, Англичаните го нарекуваат „француски фрит“, иако и многу други нации пржените компири ги третираат како составен дел од својата кујна.

Пржените компирчиња засега сепак највеќе се белгиски, бидејќи владата на оваа земја во време на забрани поради коронавирусот, им дозволи на уличните продавачи на помфрит да продолжат со работа, додека сите кафулиња и ресторани се приморани привремено да ги затворат своите локали.

Белгиската влада од денес воведе тринеделно затворање на училиштата, баровите, рестораните, вежбалниците, одложување на сите спортски и културни активности и скратено работно време за трговците, за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

Фото: Профимедиа

Продавачите на пржени компирчиња не подлежат на овие рестрикции, можат слободно да продаваат помфрит под услов истиот да се јаде на некое друго место за да не се создава метеж.

Се проценува дека во Белгија има околу 5.000 улични продавачи на помфрит, што е 10 пати повеќе по глава на жител во однос на „Мекдоналдс“ ресторани во САД.

Белгија настојува да ги заштити пржените компирчиња како белгиско национално јадење и бара помфритот, како и традиционалното белгиско пиво, да се признае како глобално културно наследство.

Белгијците тврдат дека тие го измислиле помфритот, но дека англиските војници стационирани по Првата светска војна во франкофонскиот дел на Белгија го нарекле „француски фрит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот