Во Австралија останаа само уште две ирански фудбалерки
Пет членки на женската фудбалска репрезентација на Иран го повлекле барањето за азил и ја напуштиле Австралија, упатувајќи се назад кон својата татковина.
Препорачано
Според информациите на „Си-ен-ен“, во Австралија во моментов останале само две ирански фудбалерки со хуманитарни визи, откако имиграциските служби започнале постапки по елиминацијата на репрезентацијата од турнирот.
Фудбалерките побарале азил тврдејќи дека се плашат од прогон доколку се вратат во Иран. Стравувањата за нивнната безбедност почнаа кога пред натпреварот против Јужна Кореја на Азиското првенство одбија да ја пејат националната химна.
Тој потег предизвика силни реакции во Иран, една водителка на државна телевизија дури ги нарече фудбалерките „воени предавници“.
Две од нив, Мона Хамуди и Захра Сарбали, заедно со членката на стручниот штаб Захра Мешкекар во саботата пристигнале во Малезија, од каде што треба да го продолжат патувањето кон Техеран, објавија иранските државни медиуми, кои споделија и нивна заедничка фотографија.
Подоцна уште една фудбалерка го повлекла барањето за азил. Според иранските медиуми, станува збор за капитенката на репрезентацијата Захра Ганбари.


