Во Авганистан гладни 7 милиони деца и мајки, откако талибанците им забранија на невладините организации да испорачуваат храна

Авганистан деца/ Фото: Sanaullah SEIAM / AFP / Profimedia

Стапката на неисхранетост во Авганистан е на рекордно високо ниво, а половина од земјата се соочува со силен глад во текот на годината, изјави денеска портпаролот на Светската програма за храна на Обединетите нации, Филип Кропф.

Тој додаде дека седум милиони деца под пет години и мајки се неисхранети во земја со 40 милиони жители.

Хуманитарните организации им помагаат на Авганистанците со храна, образование и здравје, но и со греење, пари за гориво и топла облека. Но, дистрибуцијата беше сериозно погодена од забраната на жените во Авганистан да работат во државни и меѓународни невладини организации.

Забраната дојде во најлошото можно време. Семејствата и заедниците не знаат од каде доаѓа нивниот следен оброк, истакна Кропф.

Светската програма за храна ги зголеми испораките пред зимата, но нивната работа е отежната поради фактот што 19 партнерски невладини организации престанаа да работат во земјата поради забраната на талибанците.

По одлуката за забрана донесена на 24 декември минатата година, 115 од 437 мобилни здравствени амбуланти престанаа да работат, при што беа погодени 82.000 деца, бремени жени и доилки. Програмите со кои се доставува храна до училиштата за ужина, исто така, беа прекинати, што влијае на 616.000 ученици.

Санкциите против талибанските лидери, суспендираните трансфери меѓу банките и замрзнатите милијарди финансиски резерви на Авганистан го ограничија пристапот до меѓународните институции и парите од странство, од кои зависеше економијата на земјата пред повлекувањето на силите на САД и НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот