Во американската држава Мисури ќе биде погубен маж осуден за убиство на полицаец
Во американската држава Мисури, Ленс Шокли, кој беше осуден за убиството на полицаецот Карл Деван Греам Џуниор во 2005 година, треба да биде погубен денес.
Препорачано
Шокли (48) треба да прими смртоносна инјекција по 18 часот по локално време, а неговата егзекуција е една од двете закажани за вторник вечерта во Соединетите Американски Држави, објавува Асошиејтед Прес.
Убиството се случило додека Греам го истражувал Шокли за убиство од небрежност откако Шокли го напуштил местото на сообраќајната несреќа во која загинал неговиот пријател.
Шокли застрелал и убил полицаец, а според судските документи, фрагментите од куршуми пронајдени на имотот на чичкото на Шокли се совпаѓале со куршумите пронајдени во телото на полицаецот, наведува АП.
Гувернерот на Мисури, Мајк Кехо, во понеделник го отфрли барањето на Шокли за помилување.
„Насилството врз оние кои секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат нашите заедници никогаш нема да се толерира. Мисури цврсто стои зад нашите мажи и жени во униформа“, рече Кихо во соопштението.
Доколку обете егзекуции се извршат вечерва, тоа би довело до вкупно 37 егзекуции низ САД оваа година.


