Во 17 акции полицијата заплени поголеми количества алат за криволов на Охридското Езеро

Во акции на Регионалниот центар за гранични работи Запад при МВР изминатите две седмици се откриени четири случаи на кривиловење риба во Охридското Езеро.

Во спроведените 17 патроли на езерото во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство се пронајдени 34 разновидни рибарски мрежи со вкупна должина од 1.800 метри, 150 парчиња риба (охридска пастрмка, белвица, мрена, и др.) со вкупна тежина од 13 килограми.

По расчистување на случаите и нивно документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Риболовниот алат е одземен и донесен во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” за понатамошна постапка, а уловот е предаден во Казнено-поправната установа „Затвор” – Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот