Доналд Трамп, претседател на САД/Фото: Fabrice COFFRINI / AFP / Profimedia

Внуката на Трамп тврди: Покажува знаци на Алцхајмер, понекогаш е дезориентиран

Мери Трамп внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека тој можеби покажува симптоми на Алцхајмерова болест, повикувајќи се на промени во неговото однесување и изразот на лицето кои, според неа, наликуваат на оние што ги имал неговиот татко, Фред Трамп, пред да почине во 1999 година, пишува Тајмс.

Фред Трамп боледувал од Алцхајмерова болест во последните години од животот, а Мери Трамп тврди дека кај актуелниот претседател повремено забележува слични знаци.

ВИДЕО | Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како уште е жив, јаде многу лоша храна

Во интервју за Њујорк Магазин, таа изјави дека Трамп понекогаш изгледа дезориентирано.

„Има моменти кога делува како да не е целосно свесен за времето и просторот“, рече Мери Трамп. „А понекогаш го гледам тој поглед – како елен заслепен од фарови.“

Во истото списание, и самиот Трамп неодамна зборуваше за здравствената состојба на својот татко, обидувајќи се да се присети на болеста од која боледувал.

„Имаше еден проблем. Во одредени години, некаде околу 86 или 87, почна да добива… како се вика тоа?“, рече Трамп, по што му помогна портпаролката Каролин Левит.
„Нешто како Алцхајмерова болест“, додаде тој, веднаш нагласувајќи: „Но јас го немам тоа“.

На прашањето дали размислува за семејната историја на болеста, Трамп одговори: „Воопшто не размислувам за тоа. Што и да е – ќе биде“.

Трамп, кој оваа година полни 80 години, постојано тврди дека неговото здравје е „совршено“. Сепак, во последните месеци во јавноста се појавија бројни шпекулации поради видливи модринки на рацете, оток на нозете и глуждовите, како и ситуации во кои изгледаше како да задремал за време на јавни настани.

Претседателот изјави дека модринките се последица од секојдневното земање 325 милиграми аспирин, иако, како што призна, неговите лекари не ја одобруваат таа доза. Тој тврди дека аспиринот го зема со години, бидејќи сака, како што рече, „разредена крв“.

ВИДЕО | Трамп во Давос повторно имаше модринка на раката: Се удрив во маса

Белата куќа ги отфрли наводите дека Трамп заспивал за време на состаноци. Портпаролката Левит изјави дека тој само „активно слушал“, додека секретарот за кадри Вил Шарф истакна дека претседателот е „секогаш буден и целосно свесен“.

И други високи функционери застанаа во одбрана на неговото здравје. Државниот секретар Марко Рубио го опиша Трамп како „преполн со енергија“, а заменик-шефот на кабинетот Стивен Милер изјави дека претседателот има „подобра меморија и издржливост од просечен човек“.

Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Младиот изјави дека Трамп има „неверојатно здравје“, додавајќи дека Мехмет Оз, директор на Центрите за Medicare и Medicaid, по увид во медицинската документација оценил дека претседателот има „исклучително високи здравствени параметри за својата возраст“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот