ВИДЕО | Трамп во Давос повторно имаше модринка на раката: Се удрив во маса
Видлива модринка на левата дланка на Доналд Трамп беше забележана од новинарите за време на неговата презентација во Давос за Советот за мир во Газа и го прашаа за тоа по враќањето со авионот „Ер Форс Уан“ во САД, пренесува Си-ен-ен.
Препорачано
„Ја видовме модринката на вашата рака. Добро ли сте?“, го праша еден новинар американскиот претседател, а Трамп, кој се подготвуваше да си замине по изјавите што ги даде, се врати и одговори „Многу сум добро. Се удрив од масата“.
„Се удрив. Би рекол, земете аспирин ако си го сакате срцето, но не земајте аспирин ако не сакате да имате неколку модринки“, додаде американскиот претседател. Продолжувајќи, во врска со аспиринот, тој рече „знаете, ако го земете големиот, јас го земам големиот“, осврнувајќи се на претходната негова изјава дека зема четири пати поголема доза на аспирин од препорачаната како мерка за спречување на згрутчување на крвта.

“Reporter points to the bruise.
Trump turns it into a medical TED Talk.
‘Clipped it on the table. Little cream. Big aspirin. Doctors said stop. I said no chances.’
Only Trump can explain a bruise, flex his health, and debate aspirin side effects in one answer. pic.twitter.com/t4JyKR5Gbw— Nation Today (@NationToday360) January 23, 2026
„Кога ќе го земете големиот аспирин, ви велат дека ќе добиете модринки. Докторот рече: „Не треба да го земате, господине, многу сте здрав“. Јас реков: „Не преземам никакви ризици“. Па, тоа е еден од несаканите ефекти на аспиринот“, заклучи Доналд Трамп.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, беше прашана за модринката претходно и таа ја презентираше истата верзија, дека американскиот претседател „ја удрил раката во аголот на масата за потпишување, а ударот ја предизвикал модринката“.
Како што забележува „Гардијан“, најновото објаснување на Трамп за она што многумина го претпоставуваат како знак дека прима интравенски дози од лекот доаѓа по 11 месеци прикривање на слична модринка на десната рака, со шминка или со држење на левата рака преку десната на јавни настани.
Првичното објаснување на Белата куќа за модринката на десната рака на Трамп беше дека таа делумно произлегла од ракувањето и од одлуката на американскиот претседател да земе многу поголема доза аспирин од препорачаната. „Модринката на левата рака се чини дека го исклучува ракувањето како причина“, додава британскиот весник.
Трамп формира тим за обнова на Газа по војната, Милеј и Карни поканети да се приклучат


