Внуката на Ал Капоне ги продава неговите лични предмети, ја откри страната која никој не ја знаел

Внуката на Ал Капоне/ Фото Paul Kitagaki Jr. / Zuma Press / Profimedia

Дајен Капоне, внуката на познатиот американски гангстер и бизнисмен Ал Капоне, ги продава неговите лични предмети и се надева дека увидот во приватниот живот на нејзиниот дедо ќе даде нова светлина врз неговиот лик.

Еден од 174 -те предмети што внуката на славниот гангстер ги стави на аукција во Сакраменто, Калифорнија, е фотографија од „Тато“, како што го нарекувале членовите на семејството на Ал Капоне, направена откако служел седум години во Алкатраз за затајување данок. На фотографијата се гледа како Капоне ужива на прошетка во близина на неговиот имот во Палм Ајленд, Флорида, на Божиќ 1946 година со сопругата и внуците, пренесува Ројтерс.

Ал Капоне и семејството по напуштањето на Алкатраз/ Фото NICK OTTO / AFP / PROFIMEDIA

Покрај лични фотографии, на аукција ќе бидат и џепните часовници, накитот, садовите и оружјето.

Часовникот на Ал Капоне/ Фото NICK OTTO / AFP / PROFIMEDIA

Почетната цена на неговиот луксузен џебен часовник „Патек Филипе“ изработен од платина и дијаманти ќе биде помеѓу 25.000 и 50.000 долари.

Пиштолот на Ал Капоне/ Фото NICK OTTO / AFP / PROFIMEDIA

Неговиот омилен пиштол „Colt.45 aw“ се проценува на 100.000 до 150.000 долари, а старата црно-бела фотографија на Капоне и неговиот син чини најмалку 10.000 до 15.000 долари.

Ал Капоне и неговиот син Сони/ Фото NICK OTTO / AFP / PROFIMEDIA

Дајен Капоне одлучила да ги стави предметите од приватната колекција на нејзиниот дедо на аукција, бидејќи таа веќе остарела, а исто така е загрижена за пожарите што го загрозуваат нејзиниот дом во Северна Калифорнија.

Ал Капоне и пријателите/ Фото NICK OTTO / AFP / PROFIMEDIA

Брајан Витерел од аукциската куќа Витерел вели дека речиси 1.000 потенцијални купувачи од сите федерални држави и уште 10 други земји во светот веќе се регистрирани на аукцијата.

Пиштолот на Ал Капоне/ Фото NICK OTTO / AFP / PROFIMEDIA

„Предметите што ги поврзуваме со Капоне како гангстер привлекуваат најголемо внимание: неговите пиштоли и екстравагантниот накит“, вели Витерел.

Предмети на Ал Капоне/ Фото NICK OTTO / AFP / PROFIMEDIA

Гангстер, но и грижлив татко

Внуката на Капоне се надева дека личните предмети ќе ја откријат хуманата страна на нејзиниот дедо за да не биде врзан исклучиво за суровост и насилство.

„Мислам дека пораката најдобро се пренесува со писмото што Ал му го напишал на својот син Сони од Алкатраз. Тоа е трогателно писмо што го открива новото лице на Ал Капоне. Тоа не е лице на суров гангстер, туку грижлив татко “, заклучува внуката на Капоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот