ВМРО Народна предлага да се слави 29 ноември, кога заеднички се бореле македонски и бугарски баталјон

Љупчо Георгиевски/ фото: МИА

На 29 ноември 1944 година во завршницата на Февруарскиот поход, третата борбена група составена од еден македонски баталјон и бугарскиот баталјон „Христо Ботев“ под команда на главниот штаб на македонската војска, во Кумановско го разбиле вардарскиот четнички корпус, посочуваат од ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски.

„Тоа дотогаш била една од најголемите битки и најголема победа во која помалубројните партизани разбиле единица од 800 македонски четници.

На тој начин му било ставено крај на движењето на македонските четници кои до 1943-та година биле многу побројни и од македонските партизани“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-НП предлагаат годинава оваа битка од Втората светска војна да биде одбележана на државно ниво, затоа што, како што велат, никогаш во овие 78 години и се нема дадено државно значење и одбележување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот