ВМРО-ДПМНЕ уценува со барањето за лидерска средба, вели потпретседателот на СДСМ, Костадинов

Фото: ТВ Алсат/360 степени / принтскрин

Клучна цел во барањето за лидерска средба од ВМРО-ДПМНЕ е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори и тоа е уценувачки, порача во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ и градоначалник на Валандово.

„Тоа го знаеме сите, а тие со своите постапки и дела во секој момент од нивната политичка активност можат да покажат како и што нудат на полето на справувањето со кризите со кои се соочуваме не само ние туку и светот. И мислам дека и ние, и вие, и граѓаните можат да видат колку се искрени во тие намери, односно во намерите за справување со кризите. Во моментот имаме една од најголемите кризи после Втората светска војна, но и преку низа мерки и пакети парите се враќаат кај граѓаните со дополнителни издвојувања, еве и со ребалансот за да успеат да се амортизираат штетите. Во моментот на решавање на клучните суштински државнички прашања пред кои сме исправени, и на сите кризи, бидејќи во мандатот што го имаме знаеме дека голем дел од кризите се светски, не се предизвикани од Владата. Баш напротив, Владата покажува сериозна активност и носи мерки што носат потоа дополнително резултат во справувањето со тие кризи. ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека е погрешно слепото барање на брзи предвремени парламентарни избори“, рече Костадинов.

Видео на денот