Тимчо Муцунски/ Фото: Архива на „Слободен печат“

ВМРО-ДПМНЕ објави нови кандидати за градоначалници: Тимчо Муцунски кандидат за Аеродром, Оливер Зафировски за Карпош

Професори, доктори, стопанственици, но и нови имиња, се меѓу новите осум кандидати за градоначалници што ги објави ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, огромно мнозинство граѓани се определило за поддршка на нови и некомпромитирани имиња.

– ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот и Централниот комитет донесе одлука за повеќе кандидати за градоначалници на општините. Се водевме од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните, соопшти партијата.

За Општина Аеродром е предложен Тимчо Муцунски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан први”, актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, за Општина Карпош Оливер Зафировски, специјалист педијатар, пулмоалерголог, за Општина Битола Тони Коњановски, специјалист епидемиолог и советник во Советот на општина Битола, за Општина Струмица економистот Жан Дрвошанов, за Општина Кичево доктор Александар Јовановски, за Општина Крива Паланка поранешниот директор на Центарот за култура, Александар Рангелов, за Општина Старо Нагоричане филологот Велибор Денковски, а за Општина Долнени е предложен Ладо Глигороски кој активно се занимава со земјоделство.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот