ВМРО-ДПМНЕ контра Илија Димовски: Ја промашува поентата за пописот

Илија Димовски

ВМРО-ДПМНЕ контра експратеникот Илија Димовски дали партијата го признава или не пописот.

-Секој оној што се занимава со признавање или непризнавање на пописот од политичките партии сметаме дека ја промашува поентата и само прави нова манипулација од политичка гледна точка или можеби нова поделба помеѓу населението. Државниот завод за статистика, според Законот, има обврска да ги објави бројките во Службен весник и тоа ќе биде направено, но начинот на кој се спроведени или обработени податоците и неуспехот да се дефинираат тие 7,2 отсто ги прави бројките некомплетни – изјави Луке Галески директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски во гостување на 24 анализа, но и преку објави на Фејсбук констатира дека пописот е неточен и дека треба нов попис.

Според него, ако некој паметен во светот може да прифати таков попис, тогаш нека повели нека објаснува.

-Пописот е неточен и недоставуваат 405.000 граѓани и дополнително 132.000 граѓани не се изјасниле за својата етичка, јазична и религиска припадност. Вкупно 537 илјади граѓани не се регистрирани. Тоа се 21,48 отсто од вкупниот број жители во земјава. Затоа се такви реакциите на заедниците во Македонија и коалициските партнери на СДСМ. Ќе создаде многу проблеми од денес натаму и од тој аспект мојот став е дека мора да се спроведе нов попис. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен по ова. Ова ќе создаде многу институционални, уставни и управни проблеми за граѓаните на нашата држава рече Димовски.

Тој на прашање на соговорникот и член на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Петров дали за ВМРО-ДПМНЕ пописот е точен и дали го признаваат, на двете прашања одговори „не“.

Димовски во изјава за „Слободен печат“ вели дека негов личен, а не партиски, е дека пописот е неточен и дека треба нов попис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот