ВМРО-ДПМНЕ бара анкетна комисија за скандалот на Онкологија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене анкетна комисија во Собранието за скандалот на Клиниката за онкологија. Опозициските пратеници бараат граѓаните кои имаат било каква информација поврзана со криминалите на Клиникатада им се обратат ним или јавно да зборуваат во медиумите за како што велат, се разоткрие целата мафијашка спрега помеѓу власта и здравството.

– На сите вмешани им порачуваме дека одговорност ќе има за секого за само неколку месеци, подобро да соработуваат и да дозволат структурите во власта да ги изгорат и остават на цедило. Порака до „мултикриминалната” Влада на Ковачевски, залудни ви се спиновите. Џабе ви се расфрлањата пердуви. Бадијала ви е лажењето. Ова е преголем криминал за да го покриете или дефокусирате.
Овде се работи за човечки животи и човечки судбини. Македонија се соочува со најголемиот скандал во својата самостојност. Скандалот поврзан со злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е мега скандал – изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека пред две предупредиле дека на клиниката за онкологија има сомнителни постапки поврзани со терапијата и лекувањето на пациентите но дека Власта на СДСМ и Ковачевски тогаш премолчале.

-Пред шест месеци медиумите исто така пишуваа за злоупотреби, кражби и препродавања на терапијата наменета за пациентите, и тогаш власта на Ковачевски и СДС премолчеа. Во целиот тој период пациентите наместо да добиваат терапија, според сведоштва и натписи, добивале физиолошки раствор или им било кажувано дека има недостиг на лекови, а скапи цитостатици биле земани и препродавани по илјадници евра ампула на црниот пазар, како тука во Македонија, така и во странство. Секој криминал има име и презиме ама и одговорноста за овој грозоморен скандал има име и презиме – рече Лефков.

Тој додаде дека Ковачевски како премиер е лично одговорен за именување на двајца министри за здравство кои според член 12 од Закон за Влада покрај раководење со министерството се обврзани да ја следат работата и се одговорни за спроведуваьето на законите и другите прописи – вели Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот