ВМФЛ: Детонит го победи Пелистер и се врати во битка за второто место

Фото: ФК Детонит Плачковица

Eкипата на Детонит стигна до голема победа во денешниот натпревар од 19. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. На свој терен Детонит славеше победа против фаворизираниот Пелистер со 1:0 со што се врати во битката за второто место кое директно обезбедува место во ПМФЛ.

Човекот на одлука во денешниот натпревар беше Стефан Бабунски кој го постигна единствениот гол на натпревар. Пелистер најголемата прилика за изедначување ја пропушти преку Благоја Љамчевски кој не реализираше пенал во второто полувреме.

Лидерот Беса пак продолжи со победите и немаше проблеми против Саса која ја совлада со 3:0.

На табелата Беса е лидер со 50 бодови, потоа следи Пелистер со 42, додека Детонит со денешните три дојде на само еден помалку.

ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ: Беласица – Башкими 0-0, Детонит – Пелистер 1-0, Саса – Беса 0-3, Караорман – Скопје 0-1, Кожув – Арсими 0-2, Новаци – Тетекс 1-1, Осогово – Победа 0-0, Вардар (Н) – Охрид 0-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот