Влезот во Словенија зависи од тоа која вакцина сте ја примиле

Словенија ковид-19 / Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK -- ATTENTION EDITORS: VEHICLE'S PLATE PIXELATED AT SOURCE

Без тест и потврда за вакцинација, можно е да влезете во Словенија за транзит, и мора да ја напуштите земјата во рок од 12 часа.

Словенија објави детални правила за влез во земјата за оние кои сакаат да ја преминат границата врз основа на примената вакцина.

Во оваа земја може да се влезе ддоколку е примена една доза на АстраЗенека, 21 ден по вакцинацијата, но не и со една доза на Фајзер и Модерна. Со овие две вакцини може да се влезе во Словенија само доколку се примени обете дози. Покрај тоа, потребно е да поминат најмалку 14 дена од втората доза за Модерна, а за Фајзер се доволни седум. Треба да се покаже потврда за вакцинација на граничната полиција, пренесува Индекс.

Издадени се детални правила за вакцините од други производители, а сите можете да ги видите подолу.

Вакцинирани лица можат да влезат во Словенија ако:

  • примиле втора доза на BioNTech / Pfizer пред најмалку седум дена
  • примиле втора доза на Модерна пред најмалку 14 дена
  • ја примиле првата доза на AstraZeneca пред најмалку 21 ден
  • примиле доза на Џонсон и Џонсон пред најмалку 14 дена
  • примиле втора доза на Спутник V пред најмалку 14 дена
  • примиле втора доза Синовак пред најмалку 14 дена
  • примиле втора доза на Синофарма пред најмалку 14 дена.

Условот за влез сè уште останува непосредна посета или деловна активност, а заминувањето на туристите сè уште не се смета за оправдана причина за влез во Словенија.

На оние кои не се вакцинирани, сè уште им останува можноста со негативен ПЦР тест кој не смее да биде постар од 48 часа или зза оние кои прележале КОВИД-19, со позитивен тест кој мора да биде постар од 21 ден и не смее да биде постар од шест месеци.

Без тест и потврда за вакцинација, можно е да влезете во Словенија за транзит, и мора да ја напуштите земјата во рок од 12 часа.

Во Словенија, во последните 24 часа, со намален обем на тестирање, беа потврдени 209 нови инфекции со коронавирус и пет смртни случаи меѓу пациентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот