Владо Георгиев е убеден дека Земјата е рамна, па стана мета на шеги на социјалните медиуми

Фото: Инстаграм/Твитер/Владо Георгиев

Пејачот Владо Георгиев стана главна тема на социјалните медиуми, откако сподели дека ја поддржува познатата теорија на заговор дека планетата Земјата е, всушност, рамна плоча.

Тој сподели фотографија на својот твитер-профил, каде напиша дека ја „зумирал“ дури 48 пати.

„Колку е заоблено, онака баш топчесто, и тоа зумирано 48 пати“, напиша пејачот во описот на фотографијата, на која се гледа голема водена површина.

Неговата објава веднаш го привлече вниманието на твитерџиите, кои му напишаа бројни хумористични коментари.

„Да се тврди дека Земјата е рамна плоча е исто како да се тврди дека не постои гравитација. Апсурдно е“, „Дали сериозно мислиш дека Земјата е рамна плоча или ова е некоја шега?“, „Држи си се до пеењето“, „Боже, колку си забегал. Помалку вино, помалку вино“, „Брат, гледај кон Месечината и останатите небесни тела. Веројатно, многу нешта ќе ти станат јасни“, се дел од коментарите.

Исто така, на социјалните медиуми почна да се објавува едно негово гостување на српската телевизија Нова, каде и во 2019 година зборувал на оваа тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот