Владата се мобилизира за акција против аерозагадувањето

Алармантната состојба на загадениот воздух ја предизвика Владата да свика координативна седница. Со неа раководеше вицепремиерот и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а во координација со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Министерот за животна средина, Нуредини,  ја истакна важноста на спроведувањето на добро координирани и заеднички акции,  бидејќи загадувањето на воздухот е комплексен проблем кој бара меѓусекторски пристап. Покрај реализирањето на долгорочните мерки, според министерот Нуредини, моменталните состојби бараат преземање на итни интервентни акции.

Дел од мерките што ги наведе Нуредини се итно мобилизирање на сите надлежни државни и локални инспекторати со цел обезбедување на 24 часовна покриеност на терен, спроведување на вонредни контроли за проверки на исправноста и функционирањето на филтрите во индустриските капацитети и инспекторирање на примената на протоколот за контрола на градежната прашина, особено на патиштата и на другите поголеми инфраструктурни интервенции  од страна на градежните инспектори. Тој нагласи дека дополнително ќе се интензивира соработка со локалните самоуправи, општинските инспекциски служби и граѓанските организации, особено во делот на пријавување на потенцијалните загадувачи, санкционирање на сторителите и изнаоѓање на можни решенија за надминување на проблемот – соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Спасовски најави дека отсега државните и општинските инспекторите заедно со полицаец ќе ги ловат граѓаните кои палат депонии и стрништа. Казна и кривична пријава ќе добие тој што ќе биде фатен. Од Владата информираат и дека побарале од Јавното обвинителство да ги процесуираат кривичните за да има ефект од казните.

Најзагадено во Миладиновци, Ѓорче Петров и Тетово на дозволената граница за ПМ10 честички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот