Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека Владата на денешната седница предложи намалување на судската такса за физичките лица за седум пати.
„На денешната седница Владата одлучи да ја предложи измената на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати (Од 48.000 денари на 6.000 денари).
Работиме во интерес на граѓаните за да ја направиме правдата подостапна, напиша Маричиќ.