Влада и УНОПС / Фото: Влада на РСМ

Владата најави дека ќе продолжи чистењето на линданот од ОХИС, УНОПС дава нови 12 милиони евра

Владата и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) потпишаа продолжување на договорот за партнерство за ремедијација на малата депонија контаминирана со линдан на локацијата на поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Со договорот се обезбедуваат дополнителни 12 милиони евра од Владата, преку Генералниот секретаријат, и се утврдува тригодишен период за завршување на сите преостанати активности.

Ремедијацијата на малата депонија, која опфаќа пет бетонски базени, започна во 2021 година. Досега се ископани и спалени 1.969 тони HCH отпад и 586 тони контаминирана почва, што претставува околу 60 проценти од планираното чистење. Активностите досега беа финансирани од Владата, Европската Унија и Кралството Норвешка.

Со продолжувањето на договорот, од Владата велат дека се создаваат услови не само за целосна ремедијација на малата депонија, туку и за отпочнување активности за санација на поголемата депонија контаминирана со линдан на локацијата ОХИС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот