Владата на Литванија одобри вонредна состојба на границата со Белорусија

Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV

Владата на Литванија одобри воведување вонредна состојба во регионите кои граничат со Белорусија, јави руската агенција ТАСС.

– Одлуката е донесена земајќи ја предвид влошената ситуација во пограничниот регион, поради што е доставена на одобрување до Парламентот, изјави литванската премиерка Ингрида Симонита.

Според предлогот на литванското Министерство за внатрешни работи, вонредната состојба ќе стапи на сила на 10 ноември на полноќ во пограничната област и на пет километри од таа област, како и на местата за сместување на мигрантите од африканските и азиските земји кои влегле во Литванија преку Белорусија.

Официјален Минск смета дека обвинувањата на Варшава дека белоруски војници ја минуваат границата со Полска се неосновани, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана.

Според Минск, претставници на полското Министерство за одбрана се сретнале со воените аташеа од белоруската амбасада во Варшава на 8 ноември „за да разговараат за наводните прекршувања на полската граница од страна на припадниците на белоруската служба и нивната вмешаност во миграциската криза”, објави ТАСС.

Министерството за одбрана на Белорусија наведува дека Минск ги смета „сите обвинувања од Полска за неосновани”.

Извор: МИА

Стотици мигранти кампираат на полско-белоруската граница на сè пониски температури

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот