Владата на Албанија ги затвори граничните премини кон Косово

Граничните премини ќе може да ги поминуваат само здравствените и возилата на итна помош, комерцијални и владини возила.

Властите во Тирана донеле одлука за затворање на краничните премини кон Косово како превентивна мерка во спречување на ширењето на корона вирусот. Ваквата информација ја соопшти Косовскиот Национален центар за менаџирање на границата од каде информираа и дека утрово од 6 часот не се пропуштаат премини на возила од Косово кон Албанија.

Од таму додаваа дека на граничните премини ќе може да ги поминуваат само здравствените и возилата на итна помош, комерцијални и владини возила.

Времената мерка завршува на 15 март на полноќ доколку не биде донесена одлука за нејзино продолжување.

Во Албанија досега се потврдени 23 случаи на заразени со смртоносниот коронавирус, од кои еден почина, додека во Косово засега официјално нема ниту еден носител на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот