Фото: Pixabay

Владата им дала 4 милиони евра во субвенции на фирмите за медицински канабис во Македонија

Околу 15 фирми за производство на медицински канабис во Македонија добиле 4 милиони евра субвенции од Владата, објави неделникот „Фокус“ повикувајќи се на информации од „Отворени финансии“, потврдени и од Владата. Договорите за субвенциите биле склучувани во времето на владата предводена од СДСМ, а исплаќањата биле вршени во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, објави неделникот.

Целта, според Владата, била да се поттикне економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата. Фирмите што се субвенционирани имаат легален пазар во странство.

ВИДЕО | Мицкоски и Тошковски ја покажаа запленетата марихуана: „Овој бизнис веќе не се исплати“ – Слободен печат

Проектитите за субвенционирање според информации на „Фокус“ се однесуваат на период од четири години. Фирмата „Синцеритас“ од Скопје добила 704 илјади евра, „Недцан Македонија Охрид“ добила 520 илјади евра, „Флауер Пауер“ од Вевчани 253 илјади евра, „Мар Медика“ 120.500 евра, „Ендо Кана“ 61 илјада евра, „Тетра Хип“ од Кочани 44 илјади евра, „НЈСК Холдинг“ 253 илјади евра, „Еволв Хеалтх“ 488 илјади евра, „Бул Билдинг“ 433 илјади евра, „Амери Фармаси“ 609 илјади евра, „ИД канабис“ 12 илјади евра и „Аура Фарм“ 362 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот