Ивица Боцевски/Фото: Слободен печат

Владата донесе нови кадровски решенија, функција и за ексамбасадорот Ивица Боцевски

Владата на денешната седница донесе неколку кадровски решенија во агенциите, службите и во дирекциите како и во затворот Идризово.

Имено, Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија.

Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем.

Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Ерол Абдиу е именуван за вршител на должноста заменик-директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик-директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Кашмир Салиу е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Фикрет Шабани е именуван за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.

Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија.

Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик-директор на КПД Затвор Скопје.

Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот