Влада: При изведбата на македонската химна беше направена ненамерна грешка

Во врска со интонирањето на македонската химна вчера во Американската амбасада во Скопје од страна на Тамара Тодевска во која беа изоставени стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански од Владата со реакција дека станува збор за ненамерна грешка.

„Владата го честита националниот празник Ден на независноста на САД и на американскиот народ. Убавите манифестации кои Амбасадата на САД по овој повод ги организира секоја година се одлична можност за оддавање меѓусебна почит и за продлабочување на соработките меѓу двете земји и народите на двете земји. Владата доби известување од Амбасадата на САД и од изведувачката на химната Тамара Тодевска дека станува збор за ненамерна грешка при изведување на химната, како и уверувања за највисоко ниво на почит кон македонските традиција и херои“, се наведува во реакцијата од Владата.

Од Владата се децидни дека и покрај потпишувањето на Договорот од Преспа со Грција и оној за добрососедски односи со Бугарија промена на химната нема да има.

Ова е втор пат како јавноста ја бранува македонската химна. При посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас беше прескокнато интонирањето на државните химни. Иако и тогаш имаше шпекулации дека тоа е заради тектот на химната сепак Владата објасни дека поради доцнење на агендата немало време за интонирање на химните.

Тамара се извини „од дното на нејзиното срце“ за вчерашната грешка со химната

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот